Дома Топ вести Меси ја отвори душата: Откри дали ја напушта Барса, проговори и за Нејмар!

Меси ја отвори душата: Откри дали ја напушта Барса, проговори и за Нејмар!

Лионел Меси со години го импресионира фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Барселона, па често се шпекулира за неговата иднина.

Меси како дете пристигна во Каталонија од родната Аргентина и уште еднаш потврди дека нема намера да ја напушта Барселона.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Не сум во искушение да ја напуштам Барселона. Нема подобар клуб од Барселона и ако не сум во овај клуб, тогаш не би играл никаде. Ова е најубавиот град на светот, моите деца овде растат и не им требаат промени“, изјави Меси.

„Се борам да освојам се, а со Барса го можам тоа. Немам потреба да одам на друго место за да го постигнам тоа“, додаде Аргентинецот.

На крајот на интервјуто Меси напомена дека би било „страшно“ да го види Нејмар во дресот на Реал Мадрид.

„Би било страшно да го видам во Реал, поради се што направи за Барселона. Тоа ќе биде голем удар за нашите навивачи. На фудбалско ниво јасно ми е дека Реал ќе биде сериозно посилен со Нејмар во тимот“, смета Меси, а потоа потенцираше дека тој не се натпреварува со Роналдо.

„Јас не се натпреварувам со Роналдо, тоа не е моја цел. Сакам секоја година да ја освојувам Лигата на шампиони и Примера. Да освојам се на клупско и репрезентативно ниво. Не ме интересира дали ќе имам повеќе индивидуални награди од Роналдо“, заклучи Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далиќ искрен: Имаме хиерархија, Петковиќ не требаше да го шутира пеналот

Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското…