Дома Фудбал Останато Румениге ја откри судбината на Левандовски, сега се е јасно

Румениге ја откри судбината на Левандовски, сега се е јасно

Управата на Реал Мадрид уште еднаш доби порака да заборави на Роберт Левандовски.

Полскиот репрезентативец во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а веќе долго време во своите редови сака да го види Реал, кој е спремен да плати вистинско богатство. Без оглед на шпекулациите кои стануваат се погласни, во Баерн не се загрижени и велат дека Лева останува во Бундеслигата.

„Нема потреба некој да се грижи за односот помеѓу Левандовски и Баерн, сосема е добар и коректен. Знам што имаме во Левандовски и среќни сме, бидејќи имаме долгорочен договор со него .Нема место за загриженост, тој и следната сезона ќе игра во Баерн“, изјави Румениге.

Левандовски има договор со Баерн до 2021. година. Оваа сезона во Бундеслигата одигра 29 натпревари и постигна исто толку голови, а на контото има и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германскиот репрезентативец сака во Манчестер Јунајтед, спремен да реши голем проблем

Манчестер Јунајтед повторно ќе се обиде да го ангажира капитенот на РБ Лајпциг, Давид Раум…