Македонската ракометна легенда, Кире Лазаров продолжува да пишува историја во европскиот ракомет.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во вчерашниот ден македонската ракометна публика имаше две причини за радост. Прво бранителот на европскиот трофеј Вардар повторно се избори за место помеѓу најдобрите четири на фајнл-форот во Келн.
Освен за Вардар македонската јавност секако е среќна и поради Кире Лазаров кој со својот Нант исто така успеа да се избори за место во Келн.
Што прави Лазаров во европскиот ракомет и дека е во самиот врв покажува и податокот дека нашиот Кире во досегашната кариера место на фајнл-форот обезбедил со четири различни клубови – Суидад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.