Дома Фудбал Англија „Ѓаволите“ во самиот финиш ги срушија „Топчиите“ (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ во самиот финиш ги срушија „Топчиите“ (ВИДЕО)

Екипата на Жозе Мурињо славеше во самиот финиш против Арсенал во дерби дуелот од 36. коло во Премиер лигата.

Јунајтед славеше со 2:1 и тоа благодарение на погодокот на Фелаини во 91. минута од мечот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На полувреме, Манчестер Јунајтед создаде предност, откако Погба во 16. минута го отвори резултатот за предност на домашните.

Во вториот дел Михтаријан ги врати „Топчиите“ со погодок во 51. минута, а до крајот не понудија многу, па оттаму стигна и казната од Фелаини кој им донесе на второпласираните Јунајтед нови три бода.

https://www.youtube.com/watch?v=5D5P7wMszJQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Сè уште не знаеме ни половина од 48 учесници на Светското првенство кое во 2026 година ќе …