Дома Фудбал Англија Еве што побара Луис Енрике за да го преземе Арсенал

Еве што побара Луис Енрике за да го преземе Арсенал

Екс тренерот на Барселона, Луис Енрике, кој е посочен како главен фаворит за заменик на Арсен Венгер, побарал од раководството на Арсенал 200 милиони евра за летни трансфери.

Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот сака нови засилувања во сите линии од тимот, особено голман, одбрана и среден ред.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наводно Енрике бил задоволен само од состојбата во нападот каде „топџиите“ ги имаат Обамејанг и Лаказет, но и Михтаријан и Озил како поддршка.

„Сан“ пренесува дека главна трансфер цел на Енрике е Раџа Наинголан од Рома. Притоа, откриена е и платата која Шпанецот ја побарал од раководството, а таа изнесува 9 милиони евра.

Арсенал не е единствениот клув од Премиер лигата кој го сака Луис Енрике. Челзи исто така во него гледа идеален наследник за Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тер Штеген во „војна“ со Барселона – со еден потег им го загорчи животот на Каталонците

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген влезе во нова фаза на конфликт со Барселона, отка…