Играта на египетскиот фудбалер, Мохамед Салах во дресот на Ливерпул го „запалија“ фудбалскиот свет и без дилема прекрасниот Салах е меѓу најдобрите во светот.
Сигурно е дека Салах ќе биде еден од играчите во конкуренција за најдобриот играч во светот за 2018. година. Иако до изборот најдобар останаа уште седум месеци, Салах високо стои на листата на најголеми фаворити за Златната топка. Обложовалниците за сега најголеми шанси му даваат на мадриската ѕвезда, Кристиано Роналдо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Квотата за него е 2,1, а Салах е на второто место. Неговите настапи никого не оставија рамнодушен, па египетскиот фудбалер сега е веднаш зад Роналдо со квота од 2,5 за освојување на наградата за најдобар во светот. Лионел Меси е по долго време на третото место. Аргентинскиот волшебник има квота од 4, но сосема сигурно е дека работите можат да се променат по финалето во Лигата на Шампионите и по настапите на овие фудбалери на Светското првенство во Русија.
Од останатите фудбалери е нереално да се вклучат во трката за најдобар, па така квотата на Нејмар и Кевин Де Брујн е 11, кои играат за клубовите кои испаднаа од Лигата на Шампионите. Од Меси многу се очекува на Светското првенство во Русија. Се очекува дека на својот грб ќе ја однесе Аргентина до финале. Меси исто така се надева дека ќе ја освои таа титула, но знаеме дека тоа не е ниту малку лесно.