Англиската Премиер лига без соменение е најатрактивна лига во Европа.
На крајот од сезоната Остоворт би можел да стане многу осиромашен доколку неколку врвни играчи ги напуштат клубовите и тоа сосема бесплатно. Сосема сигурно би можело да се состави одличен тим од кандидати чии договори истекуваат на лето. Па да започнеме по ред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Што се однесува од голманските позиции, меѓу останатите се Михаел Ворм од Тотенхем, Џоел Роблес од Евертон, Вили Кабаљеро (Челзи) и Вејн Хенеси (Кристал Палас). Сосема сигурно одлични голмани, кој во повеќето клубови можат да бидат одлични резерви.
Глен Џонсон од Стоук е кандидат за десен бек, додека на левата страна е Лук Шо од Јунајтед. Стопери би можело да бидат Дејли Блинд (Манчестер Јунајтед) и Роберт Хут (Лестер). Тука е и одличниот Џоел Ворд од Палас, потоа Мигел Бритос од Вотфорд, па и Патирс Евра (Вест Хем).
Два задни везни би можеле да бидат Емре Чан (Лвиерпул) и Маруан Фелаини (Јунајтед), како и легендата на Премиер лигата, Герет Бери (ВБА). Џек Вилшер (Арсенал) е идеален за централен везен, а конкуренција му се, меѓу останатите, Јаја Туре (Сити) и Чарли Адам (Стоук).
Нападот е осиромашен од ненадејното заминување на Златан Ибрахимовиќ во МЛС, но тука се Бакари Сако од Кристал Палас, како и Крис Брунт од ВБА. Сосема сигурно тим кој без многу проблеми би останал во лигата, но дека е способен за нешто повеќе е тешко да се каже…