Играчот на Арсенал, Арон Ремзи се здоби со тешка повреда во натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа против ЦСКА Москва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ремзи доби удар и непријатна исекотина поради која неколку минути беше надвор од теренот, а лекарите одлучија во тунелот да му ја сошијат раната и Ремзи се врати на теренот.
Исекотината изгледа ужасно. Ремзи се „пофали“ на Инстаграм и се заблагодари на лекарите за помошта која му ја дале.
На крајот, одлуката да се врати на теренот беше добра, бидејќи играчот на „Топчиите“ во продолжението постигна гол за конечни 2:2.
