Египетскиот фудбалер Мохамед Салах стана еден од најпопуларните играчи на светот после фантастичните игри во дресот на Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во својата татковина Салах има статус на херој, откако го однесе Египет на Светско првенство, а неодамна објави дека учествува во кампањата „Кажи не на дрогата“, која има за цел да им помогне на младите луѓе во Египет.
Се испостави дека ова е одличен потег на луѓето кои ја водат кампањата, бидејќи после рекламата на Салах повиците за пријава на дрога се зголемиле за неверојатни 400%.
Видеото го видоа повеќе од 8 милиони Египќани, а целта е да пријават луѓе кои имаат проблем со дрогата.
Say NO to drugs!
أنت أقوي من المخدرات… pic.twitter.com/6tJYRpBPc0— Mohamed Salah (@22mosalah) March 31, 2018