Дома Луд Спорт НЕВЕРОЈАТНО: Салах доби преку милион гласови на изборите во Египет

НЕВЕРОЈАТНО: Салах доби преку милион гласови на изборите во Египет

На почетокот на оваа недела беа одржани претседателски избори во Египет, а убедлива победа однесе Абдел Фатих ал-Сиси. Но, по се изгледа Египќаните на тоа место го сакаат Мохамед Салах.

Салах игра фантастична сезона во Ливерпул, го однесе Египет на Светското пренство во Русија и е главен кандидат да биде избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салах откако го однесе Египет на Мундијал после скоро 30 години стана икона во својата држава, а колку е популарен покажаа и последните избори. Имено, фудбалерот на Ливерпул на изборите доби преку милион „гласови“.

Граѓаните на Египет можеа да гласаат за Фатих ал-Сиси и Мустафа Муса, но преку милион граѓани го дадоа својот глас токму за Салах, така што сами го допишале фудбалерот на гласачкото ливче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…