Дома Фудбал Останато Обамејанг откри зошто го одбрал Габон пред Шпанија и Франција

Обамејанг откри зошто го одбрал Габон пред Шпанија и Франција

Пјер-Емерик Обамејанг е роден во Франција, мајка му е од Шпанија, но тој игра за репрезентацијата на Габон. Зошто, кога како мал беше член на младата селекција на Франција?

Во разговор за клупскиот сајт, новиот напаѓач на Арсенал ги откри своите причини:


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Поради татко ми. Одлучив да одам по нековите чекори. Тој во минатото беше капитен на репрезентацијата на Габон. Можев да ја одберам Франција или Шпанија, а на играчите често им е потребно одредено време за да размислат кога имаат поголем избор, но јас брзо одлучив. Срцето ми кажа да одам по чекорите на татко ми“, изјави Обамејанг.

Неговиот татко, Пјер-Франсоа, познат како Јаја Обамејанг, одригра повеќе од 80 натпревари за репрезентацијата на Габон. Во текот на својата кариера беше стопер, а сега е скаут во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…