Македонската ракометна легенда и спортска икона Кире Лазаорв се соочува со ретка ситуација каква што веројатно немал во својата богата кариера.
Имено, Кире за својот Нант буквално ќе мора да одигра и „трето полувреме“. Еве за што станува збор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше ¼ финалето од Купот на Франција во кое Нант за противник го имаше Нимс. Според одлуката на Ракометната Федерација на Франција од оваа средба ќе мораат да бидат повторени, односно одново одиграни последните десет минути.
Причината за вакво нешто е грешката на Нант, односно играњето со осум играчи во последните минути. Поради тоа сите погодоци постигнати од тој момент, (23:23) последните десет минути, се понишуваат.
Последните десет минути од „третото полувреме“ ќе започнат со гол предност за Нимс (22:23) бидејќи голот се поништува. Покрај тоа поради казна Нант ќе започне и со играч помалку.