Дома Фудбал Останато Голманот на Шапекоенсе прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016!

Голманот на Шапекоенсе прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016!

Голманот на Шапекоенсе, Данило, кој трагично ги загуби животот во авионска несреќа постхумно беше прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016 година.

Пред големата трагедија Данило беше клучниот играч на Шапекоенсе во походот кон финалето од Копа Судамерикана, бидејќи со одличните интервенции во полуфианлето и тоа во 90-та минута го однесе својот тим во финале, кое за жал никогаш не се одигра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наградата ја прими неговата мајка, Илаидес Падиља на свечена церемонија која се одржа во Рио де Женеиро.

„Во име на Шапекоенсе се заблагодарувам на сите за наколонетоста и упатените молитви. Нека идните фудбалери кои ќе дојдат да играат за овој тим бидат како оние кои не напуштија“, изјави мајката на Данило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контузијата на Родриго може да биде златна шанса за Нејмар

Тешката повреда што ја доби Родриго може да биде златна шанса за Нејмар во однос на негови…