Дома Топ вести Владата донесе одлука: Се прекинува фудбалското првенство во Грција

Владата донесе одлука: Се прекинува фудбалското првенство во Грција

По синоќешниот инцидент што се случи на натпреварот помеѓу ПАОК и АЕК, каде после поништен регуларен гол на ПАОК дојде до инциденти на теренот, а претседателот на домашниот клуб влезе со пиштол на теренот денеска Владата донесе одлука со која се става во прекин фудбалскиот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во целост соопштението од Владата:

„Веќе три години Владата се обидува да создаде услови за нормално играње и следење на фудбалски натпревари. Добивме многу битки, но исто така и има уште многу да се стори. Во секој случај, нема да дозволиме да се вратат старите навики и поради тоа решивме да го стопираме фудбалското првенство. Во следните денови ќе разговараме со федерацијата, со играчите и со лигата. Исто така, веќе сме во комуникација со УЕФА и децидни сме на својот став дека првенството нема да продолжи се додека не бидат поставени правила на игра и регулативи за нормално функционирање.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе се огласи по повредата и ги смири француските навивачи: Добро сум

Француската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенст…