Дома Трансфер зона Готово: Бензема и Реал Мадрид се разделуваат

Готово: Бензема и Реал Мадрид се разделуваат

Шпанските медиуми пренесуваат дека без оглед на исходот на сезоната, Карим Бензема после девет години ќе го напушти Реал Мадрид.

Најверојатна дестинација за Французинот е Пари Сент Жермен кој бара замена за Кавани, но можно е Бензема кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Арсенал го сака веќе подолго време, а исто така и Клоп смета дека Бензема би бил идеално засилување за неговиот тим.

Флорентино Перез веќе одличил да го стави Бензема на трансфер листа, а прва желба на „кралевите“ е Хари Кејн.

Шпанските медиуми се сигурни дека времето на Бензема е истечено и дека ја игра последната сезона во белиот дрес. „Кралевите“ за неговиот потпис ќе бараат 50 милиони евра, сума која се спремни да ја платат многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…