Како што јавува „Daily Star“, одличниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е пред потпишување на нов договор.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор пред само единаесет месеци, а сега би можел да добие нов, уште подобар во кој неговата плата би требало од 75,000 фунти да скокне на 100,000 фунти. Жозе Мурињо е импресиониран од Лингард оваа сезона и инсистира Лигард да добие нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
25-годишниот англиски репрезентативец од своите седум години е во Манчестер Јунајтед. Оваа сезона има постигнато 13 гола и 5 асистенции во 37 одиграни натпревари. Вреди да се напомене дека доби повик за претстојните пријателски натпревари на Англиската репрезентација.
Сигурно дека „Црвените ѓаволи“ на овој начин сакаат да бидат сигурни со Лингард, бидејќи многу екипи на лето ќе тргнат по одличниот играч. Арсенал е прв во редот.