Златан Ибрахимовиќ доби прашање зошто упорно ги одбива преговорите со другите клубови и сака да остане во Јунајтед? Швеѓанецот има добра причина за тоа.
Златан Ибрахимовиќ оваа сезона поради повреда настапи само седум пати за Манчестер Јунајтед. Во Лигата на Шампионите имаше само еден настап, против Базел и тоа одигра „само“ 16 минути на теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Но, Швеѓанецот не е премногу загрижен за тоа. Тие 16 минути, во случај Манчестер Јунајтед да ја освои Лигата на Шампионите ќе му донесат 2,25 милиони евра. Швеѓанецот го има најголемиот бонус во собелкувалната на Манчестер Јунајтед.
Иако не е реално Манчестер Јунајтед оваа сезона да ја освои Лигата на Шампионите, Златан Ибрахимовиќ има големи примања во Манчестер Јунајтед и можеби тоа е причината зошто упорно ги одбива останатите клубови за да остане во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што не игра.