Дома Фудбал Италија Најголемата болка за Роналдо: Се би дал само уште еднаш да го одиграм 5. мај 2002.

Најголемата болка за Роналдо: Се би дал само уште еднаш да го одиграм 5. мај 2002.

Бразилскиот славен и некогашен напаѓач, Роналдо се присети на мечот во Интер кој како што вели, би сакал повторно да го одигра.

Во мај 2002. година, Интер беше во добра позиција да го освои Скудетото, но поразот од 4:2 од Лацио, потоа победата на Јувентус од 2:0, го сопре миланскиот клуб на патот до титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо потоа замина во редовите на Реал Мадрид.

„Чест ми е што ме сметаат за најдобар напаѓач во историјата на Интер, со оглед колку големи играчи настапуваа овде. Овде стигнав како млад играч и созреав како човек“, истакна Роналдо.

„Ако би можел да го вратам времето, би сакал да го повторам мечот кој го игравме на 5. мај кога се за нас беше наопаку. За жал, тогаш загубивме и останавме без титулата“, се присети Бразилецот.

„Новите сопственици? За навивачите тоа не е важно. Ним им треба само Интер кој победува, па се надевам дека со новите сопственици клубот повторно ќе биде оној стариот, кој освојува трофеи“, тврди Роналдо.

Роналдо во Милано пристигна на прославата на 110. роденден на Интер, кој освои 18 италијанск, и три титули во Европа и светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…