Дома Фудбал Останато Сите детали за смртта на Давиде Астори

Сите детали за смртта на Давиде Астори

Фиорентина издаде официјално соопштение по повод смртта на капитенот Давид Астори, кој е пронајден мртов во хотелската соба ова утро.

Италијанецот наполни 31. година во јануари и беше во хотелот во Удине со остатоткот од екипата пред денешниот натпреварот против Удинезе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Давиде не се појави на доручек во 9:30, а обично беше тој што прв пристигнуваше. Поради тоа играчите заминаа да проверат. Давиде спиеше сам во собата. Се уште не ја знаеме причината за смртта. Полициски службеник пристигна овде и телото е пренесно на обдукција, која ќе биде направена денеска. Немаме повеќе детали“, објасни портпаролот на клубот, Арутро Мастронарди.

„Последен кој го виде Давиде беше Марко Спортиело. Некои играчи спијат сами во соба, некои во парови. Неговото семејство е од Бергамо, па ги известивме преку телефон, додека неговата сопруга во Фиренца ја посетија директорите на клубот. Екипата со првиот лет се враќа во Фиренца“.

Некои извештаи наведуваат дека Астори бил пронајден од соиграчите, кога влегле во собата кога не се јавувал на телефон. Од Фиорентина тврдат дека го пронашол масажниот терапевт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…