Фудбалерите на Реал Мадрид денеска играат на домашен терен против Гетафе, а уште во среда „Кралскиот клуб“ го очекува реваншот од осмина финалето во ЛШ против ПСЖ.
„Кралевите“ речиси се откажаа од борбата за одбрана на титулата во домашното првенство, бидејќи зад лидерот Барселона заостануваат дури 15 бода. Јасно е дека експедицијата на Зидан е да се фокусира на Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е единственото натпреварување каде што може да направат исчекор оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На вчерашниот тренинг, Роналдо повторно го привлече вниманието на фотографите, кои забележаа дека португалскиот фудбалер има нови копачки. Најк го почасти Роналдо со интересни копачки кои се во знак на најбрзото животно во светот, гепардот. Меѓутоа, дизајнот на копачките не им се допадна на навивачите, па така тие се надеваат дека Роналдо нема да игра во овие копачки следните натпревари.