Осман Дембеле стана вториот најскап играч во историјата на Барселона откако минатото лето го засили овој клуб со доаѓањето од Борусија Дормтунд.
Трансферот на Дембеле на крајот би можел да ја чини Барса околу 140 милиони евра, а поскап од него во историјата на овој клуб е само Филипе Кутињо, бидејќи Каталонците за Бразилецот платија 20 милиони повеќе. Сепак, Дембеле не започна како што се очекуваше, бидејќи во досегашниот дел од сезоната имаше одгормни проблеми со повредата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трансферот на францускиот играч беше вистински хит, бидејќи Дембеле одбиваше да тренира со Дортмунд и не сакаше да се приклучи на подготовките на германскио тим. На сите начини се обидуваше да го оставари трансферот во Барселона, што на крајот му успеа. Сепак, откри дека за него пред речиси две години беше заинтересиран Ливерпул.
„Кога го напуштив Рен разговарав со Дортмунд, Ливерпул и Барселона. Тогаш ја одбив Барса, бидејќи мислев дека е прерано да одам таму. Меѓутоа, кога повторно ме контактираа едноставно не можев да речам не. Им реков на управата на Дортмунд дека сакам да го напуштам клубот, бидејќи неможе два пати да се одибе Барселона. И Ливерпул повторно се јави, но не бев заинтересиран“, изјави Дембеле.