Дома Фудбал Англија По поразот од Манчестер Сити, Венгер со нови оправдувања

По поразот од Манчестер Сити, Венгер со нови оправдувања

Арсенал синоќа на „Емирати“ доживеа нов дебакл. Тимот на Венгер беше поразен со 0:3 од Манчестер Сити во рамките на 28. коло од Премиер лигата.

Лондонскиот тим повторно е далеку од Лигата на Шампионите. Иако навивачите бараат заминување на Арсен Венгер, тој нема немара да го направи тоа, а и за синоќешниот дебакл пронајде оправдувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Знаев дека првото полувреме по поразот во недела ќе биде тешко. Моравме да имаме барем нерешен резултат на полувреме за да можевме нешто да направиме во овој натпревар. Сепак, Сити го искористи недостатокот на доверба и пристигна до голема предност. Головите можевме да ги спречиме. Лошо игравме во одбраната, имавме можност да се вратиме со пеналот, но не успеавме“, изјави Венгер.

„Топчиите“ во моментов се шести на табелата во Премиер лигата и заостануваат дури 10 бода до четвртата позиција која води во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…