Англиските медиуми деновиве објавија многу инетерсна сторија за најглупавите потези на фудбалерите кои сеуште се активни во фудбалот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Некои од информациите се помалку или повеќе познати на јавноста, особено оние кои се однесуваат на Диего Марадона и неговите патешествија со кокаинот, но кога е во прашање Давид де Геа никој не очекуваше дека извршил така „тежок злочин“ во 2011 година.
Случајно да се наоѓал на „погрешната“ страна на Мадрид и преку пултот да се наоѓал некој фан на Реал Мадрид можеби ќе завршел и зад решетки.
Имено, Де Геа во 2011 година за малку ќе имал проблем со полицијата и тоа поради кражба во вредност од само два евра. Шпанецот од продавница зел крофна која не ја платил.
Истото тоа го направиле и неговите двајца пријатели, а сето тоа го забележала надзорната камера. Проблемот го решило обезбедувањето, а среќа за Де Геа било што биле навивачи на Атлетико Мадрид, па се се завршило без поголеми проблеми.
Де Геа истата таа година се пресели во Манчестер Јунајтед, денес заработува 8 милиони евра годишно и е еден од најдобрите голмани на светот.