Дома Фудбал Англија На Покетино не му се допаѓа идејата за зимска пауза во Англија

На Покетино не му се допаѓа идејата за зимска пауза во Англија

ФА вчера објави дека е донесена одлука во сезона 2019/20 да се воведе зимска пауза во Англија како што е случај во другите лиги.

Меѓутоа, изненадувачки оваа одлука не им се баш допаѓа на јавноста во Островот, а нивното мислење го дели и тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Тој порача дека Премиер лигата би го изгубила својот шарм доколку повеќе не се играат натпревари на Божиќ и Нова година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Премиер лига е Премиер лига. Различна е од останатите лиги и треба да ја задржи таа динамичност бидејќи тоа е навистина важно. Не знам како ќе изгледа таа зимска пауза. Во Англија е незамисливо да не се игра на Boxing Day.“ – изјави Покетино и додаде:

„Тоа е најубав период во сезоната. Во Шпанија е различно, бидејќи навивачите се нервозни кога играте на некој празник. Единствено може таа пауза да се случи во февруари, но не знам како тоа би функционирало.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прекин на преговорите: Реал Мадрид би можел бесплатно да го отпушти Винисиус?

Последниве денови се појавија гласини за продолжување на преговорите помеѓу Винисиус Жунио…