Дома Фудбал Англија НЕВЕРОЈАТНО: За 21 месец Гвардиола потроши повеќе отколку Венгер за 21 година

НЕВЕРОЈАТНО: За 21 месец Гвардиола потроши повеќе отколку Венгер за 21 година

Познато е дека Пеп Гвардиола не сака да ги троши парите од сопствениците на клубовите кои ги тренира, но во Манчестер Сити изгледа дека се надмина себе си.

Имено, Гвардиола за времето кое го помина на клупата на Барселона успеа да потроши 350 милиони евра на засилувања. Вистина, тоа се исплатеше, со оглед на тоа што со Барса освои три титули шампион на Шпанија, како и трофеј во ЛШ. Во Баерн на располагање имаше доста мал буџет, па потроши нешто повеќе од 200 милиони евра за три сезони. Сепак, изгледа дека во Манчестер Сити одлучи да го надоемсти тоа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Така, шпанскиот стратег во изминативе 21 месец на клупата на „Граѓаните“ потроши 420 милиони евра на засилувања, додека Арсен Венгер во ист период на нови играчи потроши 230 милиони евра. Меѓутоа, Венгер во последно време започна да троши огромни пари на засилувања, очигледно сфати дека без големи ѕвезди во екипата тешко ќе го сочува својот пост. Франзуинот така, вкупно гледано, во 21 година на засилувања потроши помалку од Гвардиоа за помалку од две години поминати на клупата на Сити.

Имено, Арсен Венгер, сметајќи ги и оние споменати 230 милиони евра, во изминатите децении потроши на засилувања нешто помалку од 400 милиони евра…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…