Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Повредата на Нејмар, ниту малку не ме радува…

Зидан: Повредата на Нејмар, ниту малку не ме радува…

Веста за повредата на Нејмар, односно можноста да го пропушти реванш мечот со Реал Мадрид, не го израдува Зинедин Зидан, кој не сака неговата екипа на таков начин да има било каква предност во реваншот на „Паркот на Принцовите“.

Сепак, последните вести од Париз велат дека повредата на Бразилецот не е од сериозна природа, и дека ќе биде подготвен за мечот на 6. март на „Паркот на принцовите“, иако Зидан во текот на конференцијата за медиумите тоа се уште не го знаеше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„За мене тоа не е радост. Не сум задоволен поради повредата на Нејмар, се надевам дека ќе игра во реваншот. Не би сакал противникот да не игра поради повреда. На негово место може да биде било кој друг играч. Не сакам кога играчите ќе се повредат. Го следев мечот на ПСЖ кога се случи тоа, и тој детал не ми се допадна“, истакна Зидан.

Кралскиот клуб со добар резултат патува во главниот град на Фрнација, но нема сомнеж дека не очекуваат уште многу возбудувања на тој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тен Хаг заминува, Јунајтед има листа од тројца тренери

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат мед…