Дома Фудбал Англија Невил наброи 14 фудбалери подобри од Салах, па го доби вистинското прашање

Невил наброи 14 фудбалери подобри од Салах, па го доби вистинското прашање

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, не е некој љубител на игрите на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Откако ТВ водителот Пирс Морган изјави дека Салах е најдобриот играч кој се појавил во лигата после Тиери Анри, Невил реагираше и почна да набројува фудбалери кои биле подобри од Салах.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Не е ни помеѓу 10 најдобри после Анри. Одличен е, но тоа е смешно. Роналдо, Азар, Де Брујне, Силва, Јаја Туре, Суарез, Агуеро, Коста, Компани, Ван Перси, Кејн, Тевез, Дрогба, Де Геа. Сите тие се подобри.“- изјави Гери Невил.

После ова Морган жестоко му одговори и го понижи Невил.

„Не знаеш да препознаеш играч од светска класа. Можел ли да ми објасниш што се случи додека ја тренираше Валенсија?“ – запраша Морган, за што Невил немаше што да одговори.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Барселона за првпат откри зошто денеска работи во продавница за спортска опрема

Жереми Матије, некогашниот дефанзивец на Барселона, отворено зборува за тешкиот период низ…