Обложувалниците веруваат во овој исход на почетокот на натпреварот на „Олд Трафорд“.
Антонио Конте и Жозе Мурињо се поврзуваат со Челзи, но и со долгиот јазик. Двајцата тренери жестоко се обвинуваа во текот на декември и јануари, а првиот натпревар од тие тешки зборови ќе биде оваа недела на „Олд Трафорд“ во дербито на колото од Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дали ќе се ракуваат пред почетокот на натпреварот? Обложувалнциците не веруваат во тоа…
Англиските „букмејкери“ ги зголемија квотите за ова обложување, па квотата за тоа дали тие двајца ќе се ракуваат изнесува дури 3,75. Потсетуваме, Мурињо прво зборуваше за тоа дека Анотио Конте и Јирген Клоп се радуваат како кловнови кога нивниот тим ќе постигне гол, за Италијанецот на тоа да му одговори дека и тој тоа некогаш го правел.
На тоа не заврши па тие зборуваа уште потешки зборови, говорејќи за деменција, за наместување натпревари и слично…