Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Навивачите на ПСЖ ги „мотивираа“ играчите пред важните натпревари

ВИДЕО: Навивачите на ПСЖ ги „мотивираа“ играчите пред важните натпревари

Група навивачи на ПСЖ вчера на интересен начин се обидоја да ги мотивираат фудбалерите на овој тим пред возбудувањата кои следат.

Парижаните пред себе имаат два многу важни натпревари. Во првенството играат големо дерби против Марсеј, а потоа следуваа реваншот во Лигата на Шампионите против Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на ПСЖ одлучија со разговор да ги мотивираат играчите на овој тим. Така, претставниците на навивачите на парискиот тим, во стилот на навиавчите од Балканот, ги чекаа фудбалерите во тренинг центарот и се обидоја да им објаснат што за нив значат следните натпревари.

„Сакаме луѓето од Мадрид да почуствуваат што значи да пристигнат во Париз. Ќе ги повикаме сите да дојдат порано на стадионот со дресовите и шаловите и да направиме дополнителна кореографија за дополнително да ги мотивираме нашите играчи“, изјави еден навивач на францускиот тим.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј се игра овој викенд, додека реваншот против Реал се игра на 6. март. „Кралевите“ во првиот натпревар славеа со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…