Дома Фудбал Останато Човекот кој го пушти Крос во Реал признава: Јасно е погрешивме

Човекот кој го пушти Крос во Реал признава: Јасно е погрешивме

Поранешниот спортски директор на Баерн Минхен, Матијас Самер денес  признава дека се кае што дозволил Тони Крос да премине во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крос во Реал пристигна од Баерн во 2013 година, за сума од 25 милиони евра што за денешната ситуација во фудбалот изгледа како навистина мала сума.

Реал во Крос доби играч кој со Модриќ го создава еден од најсилните средни редови во светот, додека Баерн може само да жали за својата грешка.

Грешката ја призна и Матијас Самер кој во тоа време ја извршуваше функцијата спортски директор во германскиот гигант.

„Човек мора да ги анализира грешките од минатото, бидејќи никој не донесува секогаш исправни одлуки. Можеби Баерн со Крос почесто ќе ја освојуваше Лигата на шампионите или барем ќе играше во финалето. Но едно е сигурно, погрешивме што го пуштивме“, изјави Самер.

Во меѓувреме Крос за Реал Мадрид одигра 176 натпревари, постигна 11 погодоци и запиша 52 асистенции.

sammer

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…