Дома Фудбал Останато Кои се опциите за Анчелоти? – „Дон Карло“ го одби ПСЖ, позната и причината

Кои се опциите за Анчелоти? – „Дон Карло“ го одби ПСЖ, позната и причината

Италијанскиот стручњак веќе некое време е без работа, па и понатаму чека нов клуб.

Анчелоти од јануари 2012 година до јуни 2013 година работеше во ПСЖ, а сега е сериозен кандидат за враќање во тој клуб, подобро кажано беше сериозен кандидат додека и самиот не се огласи во медиумите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Желбата на Анчелоти е да работи во Премиер лигата. Објасни зошто ги одби богатите сопственици на Пари Сен Жермен – Лига 1 не му изгледа привлечно и ПСЖ не го гледа како предизвик.

„Дон Карло“ сака голем предизвик каков што нуди Премиер лигата. Таму се поврзува со Челси во кој веќе работеше. Но секако, Роман Абрамович прво мора да се ослободи од другиот Италијанец, Антонио Конте.

Анчелоти се поврузваше и со Милан, но Гатузо покажа дека може да биде добар тренер, додека Арсенал ја отфрли можноста за доведување на Анчелоти бидејќи сметаат дека Венгер треба да биде заменет со млад тренер.

 

Останува да видиме каде искусниот Италијанец ќе ја продолжи кариерата, но Челси изгледа како најреална опција за поранешниот тренер на Милан, Баерн, Реал Мадрид, Јувентус, Парма…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незапамтена чистка во Реал – Шестмина заминуваат, но една разделба најмногу ги боли навивачите!

Реал Мадрид сè уште е во игра за трофеи, но сезоната е многу исцрпувачка. Кралевите ќе се …