Дома Топ вести Модриќ пред трансфер на „Олд Трафорд“ – Мурињо „потврди“

Модриќ пред трансфер на „Олд Трафорд“ – Мурињо „потврди“

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Хадерсфилд и осигура пласман во четвртфиналето од ФА Купот, а после натпреварот Мурињо ја истакна потребата од доведување на еден играч за врска.

„Мораме да донесеме еден играч за врска бидејќи на крајот на сезоната остануваме без Мајкл Карик“, порача Мурињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можете да ме обвините за многу работи, но не и дека лажам. Пред два месеци ви кажав дека нема да донесеме напаѓач, туку играч за врска. Сега тоа и го потврдувам“, додаде „Соецијалниот“.

После овие зборови на Мурињо, англиските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат кој играч за врска може да пристигне на „Олд Трафорд“. Извори блиски до клубот откриваат дека Португалецот има две желби, а тоа се Лука Модриќ и Тони Крос од Реал Мадрид.

„Експрес“ пренесува дека Германецот е „невозможна мисија“, но многу е веројатно од следната сезона Модриќ да го гледаме во црвениот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…