Дома Фудбал Англија „Кралевите“ не можат да веруваат: Се повреди „моторот“ на тимот, што ли сега!?

„Кралевите“ не можат да веруваат: Се повреди „моторот“ на тимот, што ли сега!?

Најпрво „Кралевите“ со 3:1 го совладаа ПСЖ, а потоа пристигнаа и лошите вести за навивачите на Реал – се повреди Тони Крос.

Германскиот играч ги повреди лигаментите на левото колено и најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар во Лигата на Шампионите против ПСЖ. Дури и да успее да се опорави од повредата до натпреварот на „Паркот на принцовите“ кој е на распоредот на 6. март, Крос речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите во лигата против Реал Бетис, Леганес, Алавес, Еспањол и Гетафе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прашањето кое сега најмногу го мачи Зидан е – кој ќе го замени? Крос е еден од најважните играчи на „кралскиот“ клуб, но тренерот има неколку опции за кои може да се одлучи, а тоа би можело да значи и поголема минутажа за Хрватот, Матео Ковачиќ.

Првата опција е формацијата 4-3-3 во која е напаѓачкото триот „BBC“, а средината ја држат Модриќ и Касемиро. Тука Зидан има опција да го покрие недостатокот на Крос со воведување на еден од играчите – Иско, Асенсио, Ковачиќ, па дури и Себаљос.

Втората опција е Реал да продолжи да игра во формацијата 4-3-2-1 без Герет Бејл во првата постава, а со Иско и Ковачиќ во средниот ред. Последната опција би била прилично екстремна за Реал – формацијата 4-4-2 во која Герет Бејл би заиграл на десното крило, а другата страна би можеле да ја покријат Васкез или Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…