Дома Фудбал Лига на шампиони Фото: Емери ги налути сопругите на Тиаго Силва и Ди Марија

Фото: Емери ги налути сопругите на Тиаго Силва и Ди Марија

Реал Мадрид вчера го совлада Пари Сен Жермен со 3:1 и обезбеди одлична предност пред реваншот во Париз.

Овој натпревар Унаи Емери го стартуваше без капитенот и столб на одбраната на ПСЖ Тиаго Силва, но и без поранешниот играч на Реал Мадрид Анхел Ди Марија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тактиката на Емери на крајот се покажа како погрешна, а по натпреварот стратегот на „светците“ се најде на мета на критиките на фудбалската јавност, но критики до Емери стигнаа и од сопругите на двајцата славни фудбалери.

Преку популарната социјална мрежа Инстаграм Хорхелина Кародосо, сопругата на Анхел Ди Марија порача: „Вашиот напор + вашата работа + головите + асистенциите + одлична форма = клупа. Но ние сме само жени, не се разбираме“.

Сопругата на Силва сепак не беше толку жестока и само напиша „Тактиката, тактика? Каква тактика?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…