Шпанскиот медиум „Дон Балон“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за Хари Кејн.
Притоа, „Дон Балон“ тврди дека Јувентус е спремен да плати неверојатни 250 милиони евра за ѕвездата на Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Купувањето на Пауло Дибала не му донесе ништо ново на Јувентус бидејќи тимот продолжи да доминира во Италија, а не успеа да ја освои Лигата на шампиони. Затоа сега Јуве се подготвува да плати 250 милиони евра за Хари Кејн. Во клубот стравуваат дека ако не почнат да трошат пари, нема да можат да им парираат на големите сили во европскиот фудбал кои ги имаат Меси, Роналдо или Нејмар”, пишува во текстот на Дон Балон.
Најскапа инвестиција во историјата на Јувентус е Гонзало Игуаин за кого платија 90 милиони евра, па италијанските медиуми се сомневаат дека „старата дама“ може да плати 250 милиони за еден фудбалер.
За Хари Кејн силен интерес покажува и Реал Мадрид, но „кралевите“ сигурно имаат поголема финансиска моќ од „бјанконерите“.