Дома Фудбал Останато Манчестер Сити најскап тим во историјата – ова се ТОП 10!

Манчестер Сити најскап тим во историјата – ова се ТОП 10!

Истражувањата покажаа дека во англискита Премие лига најмногу се троши на трансфери, дури 291 милиони евра во просек, многу повеќе отколку во шпанската Примара (131), италијанската Серија А (124) и германската Бундес лига (113).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити со 878 милиони евра го има најскапиот тим во историјата објави Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Истражувањето го направи организација од Швајцарија која покажа дека во екипата на Пеп Гвардиола е вложено најмногу, дури повеќе и од Пари Сен Жермен кој минатото лето за сума од 222 милиони евра го доведе Нејмар. ПСЖ вреди 805 милиони.

На третото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со 747 милиони, пред Барселона (725 милиони), додека во топ 10 уште се Челси (592), Реал Мадрид (497), Јувентус (472), Ливерпул (461), Баерн (448) и Арсенал (403).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах си ја отвори душата за заминувањето: Се случија некои работи…

Легендарниот “Фараон” на лето ќе го напушти Енфилд по девет блескави сезони, н…