Дома Фудбал Англија Де Геа го шокира Јунајтед: Побара двојно поголема плата!

Де Геа го шокира Јунајтед: Побара двојно поголема плата!

Шпанскиот голман побарал двојно зголемување на неделната плата за да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат шпанските медиуми.

27-годишниот шпански голман во моментов заработува 210.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, а неговиот договор истекува за 18 месеци.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интерес за Де Геа веќе подолго време покажува Реал Мадрид, па поради тоа „црвените ѓаволи“ брзаат да потпишат нов договор со голманот.

Најпрво финансиските барања на Шпанецот беа поскромни, но со доаѓењето на Алексис Санчез, кој во Јунајтед заработува 500.000 фунти неделно, и тој решил да ги зголеми барањата.

Од друга страна пак шпанските медиуми тврдат дека Де Геа му се доверил на своите пријатели дека сака да се врати во Шпанија и дека Реал Мадрид повторно ќе тргне по неговиот потпис следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …