Колумбискиот фудбалер, Радамел Фалкао ќе паузира три недели поради повреда, соопшти клубот од Кнежеството.
Фалкао е најдобар фудбалер на Монако оваа сезона, бидејќи постигна 23 гола во сите натпреварувања и неговата повреда ќе биде голем хендикеп за оваа екипа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Колумбиецот се повреди на натпреварот во Лига 1 против Лион, кој Монако го доби со 3:2, а станува збор за повреда на левиот мускул. Потсетуваме, Фалкао на споменатиот натпревар постигна гол, а од игра излезе во текот на вториот дел од натпреварот.
Екипата на Монако во моментов се наоѓа на 3. позиција во Франција со 50 освоени бода, а следниот натпревар го игра на гости против Анжер.