Дома Фудбал Англија Брилијантен потег на Арсенал: Чех заминува, познато името на неговиот наследник

Брилијантен потег на Арсенал: Чех заминува, познато името на неговиот наследник

Искусниот чешки голман, Петар Чех најверојатно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната.

Чех во последните неколку месеци брани во променлива форма, грешките станаа се почести и во раководството на Арсенал одлучија од лето да пронајдат нов голман.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Како што наведуваат англиските медиуми, новиот член на „Топчиите“ би можел да стане Словенецот, Јан Облак. Фантастичниот 25-годишниот чувар на мрежата веќе години наназад со доста успех брани за мадридски Атлетико и со своите одбрани привлекува големо внимание.

Тимот од „Емирати“ е еден од нив. Ќе се обиде да го донесе Облак во летниот преоден рок, па фантастичниот голман би можел од следната сезона да пристигне во Премиер лигата.

Порано интерес за Облак покажуваше и ПСЖ кој исто така бара голман и сигурно е дека Облак ќе биде на слатки маки, ако одлучи да го напушти Атлетико.

Договор со тимот од Мадрид има до летото 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија го доби терминот за битката против Данска

Македонија ќе се соочи против Данска во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот. …