Дома Фудбал Англија ФОТО: Англичаните го исмеваат Фелаини

ФОТО: Англичаните го исмеваат Фелаини

Посебно внимание на натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед привлече измената на Маруан Фелаини.

Белгијанецот во игра влезе во 63. минута од натпреварот наместо Лингард, но само седум минути подоцна го напушти теренот, а во игра влезе Ерера. Многумина останаа во чудо, бидејќи не знаеа зошто Мурињо тоа го направи, меѓутоа на крајот се покаа дека станува збор за повреда.

Фелаини кога излегуваше од теренот и кога си одеше кон тунелот изгледаше многу луто, па така на патот кон соблекувалната го соблече својот дрес. Меѓутоа, многу англиски медиуми ја искористија оваа прилика и на сметка на Фелаини преку социјалните мрежи  го исмеваат неговиот краток престој на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш го коментира конфликтот меѓу Роналдо и Португалија

Бруно Фернандеш откри дека разговарал со Кристијано Роналдо по драматичниот конфликт со по…