Дома Фудбал Англија Тактиката „автобус“ не функционира: Очајна статистика на Мурињо против гигантите

Тактиката „автобус“ не функционира: Очајна статистика на Мурињо против гигантите

Навивачите на Манчестер Јунајтед се навикнаа да загубат на тешките гостувања во последните година и пол дена.

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо е познат по својата дефанзивна тактика на денешните гостувања, а во минатото тоа најчесто донесуваше резултат и неговиот тим успеваше да не прими гол. Сепак, откако е тренер на Манчестер Јунајтед, тоа не функционира. Неговата тактика не донесува големи резултати во последно време, а статистиката на Мурињо на тешките гостувања откако е на „Олд Трафорд“ е далеку од добра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Против Манчестер Сити, Челзи, Ливерпул и Тотенхем одигра вкупно осум натпревари на гости и не запиша ниту една победа, а против нив неговата екипа постигна само еден гол. Освен тоа, на последните 10 гостувања против тимовите кои во тој момент се меѓу најдобрите шест на табелата, екипата на Мурињо постигна еден гол и освои четрири бода. Односно, запиша четири нерешени резултати и дури шест порази.

Со оглед на потрошените пари и доведените фудбалери, ова е повеќе од скромен ефект на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нико Вилијамс ја одбил Барселона затоа што ќе ја освои ЛШ со Атлетик Билбао

Европскиот шампион Нико Вилијамс го објасни своето решение да остане во Атлетик Билбао, за…