Дома Топ вести Мурињо ОТПИША неколку играчи и НАЈАВИ нови засилувања

Мурињо ОТПИША неколку играчи и НАЈАВИ нови засилувања

Манчестер Јунајтед на почетокот на оваа недела го официјализираше трансферот на Алексис Санчез кој пристигна од Арсенал, додека во спротивна насока замина Хенрик Михтаријан.

Неколку дена по тоа навивачите на Јунајтед добија уште добри вести, бидејќи Жозе Мурињо одлучи да го продолжи договорот со овој клуб. Португалскиот стратег веќе има планови за следната сезона и јасно е дека „Црвените ѓаволи“ ќе бидат повторно активни на пазарот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми, Мурињо веќе отпишал неколку играчи кои речиси сигурно ќе го напуштат Јунајтед. Тоа се Лук Шо и Матео Дармиан, кој не го импресираа Мурињо. Под знак прашалник е останувањето на Валенсија кој игра одлично, но Мурињо е свесен дека мора да ја засили неговата позиција, бидејќи Еквадорецот ќе го слави својот 33. роденден.

Исто така, доаѓањето на Алексис ќе донесе и заминување во нападот. Златан Ибрахимовиќ најверојатно нема да остане по истекувањето на договорот, а непозната е ситуацијата и со Ентони Марсијал кој игра одлично. Но, одлуката околу францускиот напаѓач Мурињо ќе ја донесе на лето.

Исто така, португалскиот стратег им порачал на управата на клубот дека направил листа на играчи кои ги сака на лето. Наводно, на листата се четворица играчи кои Мурињо сака да ги доведе на „Олд Трафорд“, но се уште не се знае за кои фудбалери станува збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…