Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Алвеш казнет поради лошиот старт на натпреварот против Лион

ВИДЕО: Алвеш казнет поради лошиот старт на натпреварот против Лион

Бразилскиот дефанзивец, Дани Алвеш е казнет поради остриот старт на натпреварот помеѓу Лион и ПСЖ.

Пред неколку дена, ПСЖ беше поразен од Лион, а Алвеш во продолжението заработи директен црвен картон поради еден лош стар. Потоа, Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација го казни со три натпревари суспензија, што го шокираше Алвеш, кој сега мора да си оди на кратка пауза.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Барселона и Јувентус така ќе ги пропушти натпреварите против Монпелје, Лил и Тулуз. Оваа сезона Алвеш одигра 15 натпревари во Лига 1, а во нив забележи пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…