Дома Фудбал Останато Роналдињо со порака до Кутињо: Младиот Бразилец после ова ќе се расплаче

Роналдињо со порака до Кутињо: Младиот Бразилец после ова ќе се расплаче

Филипе Кутињо пристигна во Барселона, а вчера го имаше и дебито за еден од најдобрите клубови во светот. Неговиот идол, Роналдињо, вчера му испрати порака преку Инстаграм.

„Тој обележи една ера тука, кога јас би можел да повторам само малку од неговата приказна и успех, тоа би било неверојатно. Знам дека треба да работам многу напорно за да го достигнам тоа“, изјави Кутињо.


Сето ова го забележи и Роналдињо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, фудбалер кој се повлече од фудбалот пред недела дена.

„Здраво Кутињо. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет. Дај се од себе, направи ги луѓето среќни, тоа е она што сите го сакаат. Уживај, останатото се ќе дојде. Оди со мир“, изјави Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер има план: Две засилувања пред Светското клупско првенство и две потоа!

Фудбалскиот клуб Интер се подготвува за претстојното Светско првенство за клубови, а пред …