Навистина импресивна листа.
Во текот на вчерашниот ден беше комплетиран трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова не е прв пат, а сигурно нема да биде ниту последен најголемата ѕвезда на еден клуб да преминува во редовите на големиот ривал. Во продолжение ви ги претставуваме фудбалерите поради кои нивните клубови прилично зажалиле што ги продале на лутиот ривал.
Андреа Пирло (Милан – Јувентус, 2011)
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Андреа Пирло во 2011 година имаше 32 години кога после 10 години во Милан со кој ја свои Лигата на шампионите, две Скудета, две Светски клупски првенства, два суперкупа на Европа и еден италијански куп.
Управата на Милан бесплатно го пушти во Јувентус со кој во следните четири сезони освои четири Скудета и италијански куп, додека Милан од 2011 не знае за титулата шампион на Италија.
Јохан Кројф (Ајакс – Фејенорд 1983)
После две успешни сезони во Ајакс, Кројф на 36 години помисли дека е недопирлив во Амстердам. Но, Ајакс одби да му го продолжи договорот, а човекот кој го создаде модерниот Ајакс се почуствува измамен и одлучи да премине во најголемиот ривал од Амстердам.
Иако Ајакс во првата сезона го разби Фејенорд со 8:2, Фејенорд во вториот натпревар возврати со 4:1, а на крајот освои двојна круна, а Кројф беше прогласен за играч на годината во Холандија.
Робин Ван Перси (Арсенал – Манчестер Јунајтед, 2012)
Ван Перси за сума од 29 милиони евра, на 29 години го напушти Арсенал и премина во редовите на Манчестер Јунајтед, а Венгер на негово место ги доведе Оливие Жиру и Лукас Подолски.
Холанѓанецот во следната сезона постигна 26 погодоци во лигата и на „ѓаволите“ им ја донесе 20 титулата во Премиер лигата
Карлос Тевез (Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити, 2009)
Иако беше на позајмица во Јунајтед од Вест Хем и со Јунајтед ја освои титулата на Европа во 2008 година, Алекс Фергусон не сакаше да го октупи неговиот договор.
Тевез премина во Сити (иако не од Јунајтед каде што беше позајмен), а Фергусон веројатно зажали што не сакаше да плати 28 милиони евра за Тевез. Во следните две сезони Аргентиенцот постигна 52 погодоци и им помогна на „граѓаните“ да стигнат до титулата после пауза од 44 години.
Луис Фиго (Барселона – Реал Мадрид, 2000)
Ова е еден од најконтроверзните трансфери во историјата на фудбалот. Фиго во Барселона не се чуствуваше доволно почитуван, па премина во Реал Мадрид за тогаш рекордна оштета од 40 милиони евра.
Доаѓањето на Фиго во Реал значеше почеток на ерата на „Галактикосите“, а Фиго како фудбалер на Реал Мадрид ја освои Златната топка во 2000 година, но најмногу поради настапите кои ги прикажуваше во Барселона. Таа сезона ја осови титулата шампион на Шпанија, а две години подоцна и Лигата на шампионите.
Ешли Кол (Арсенал – Челси , 2006)
Во последниот ден од преодниот рок Челзи и Арсенал се договорија за размена. Ешли Кол премина на „Стенфорд Бриџ“, а Вилијам Галас пристигна на „Емирати“. Се работи за еден од најконтроверзните трансфери во Англија, најмногу поради автобиографијата на Кол која излезе неколку месеци подоцна, а во која левиот бек нагласи дека скоро и да се откажал од трансферот кога ја слушнал понудата за нов договор од Арсенал.
Кол подоцна со Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и пет англиски купови.
Роберто Баџо (Јувентус – Милан, 1995)
Легендарниот фудбалер не славеше долго со „старата дама“ со која во 1995 година го освои Скудетото и во текот на летото премина во Милан за сума од седум милиони евра. Иако Баџо во Милан не прикажуваше настапи како во Јувентус, Милан со него во составот стигна до титулата веќе следната сезона.
Но, Јуве не жалеше премногу за неговото заминување. Во Торино се појави нова суперѕвездата, Алесандро Дел Пиеро кој прерасна во икона на овој клуб.