Се пишуваше и пред сагата за Алексис Санчез, дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го донесе фудбалерот на ПСЖ, Лукас Моура.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Итроногиот Бразилец падна во втор план во „Градот на светлината“, откако летово Парижаните се засилија со Нејмар и Мбапе.
Постигна само еден погодок оваа сезона, ниту еднаш не се најде во стартната постава, а ПСЖ е подготвен да ги сослуша сите клубови кои се заинтересирани да го откупат неговиот договор.
Манчестер се посвети на ангажманот на Алексис Санчез, па се верува дека од Моура кренаа раце, а како фаворит во овој момент за неговиот потпис е екипата на Тотенхем.
Спарси и претходно беа поврзувани со некогашниот фудбалер на Сао Паоло, а сега повторно покажаа интерес за неговите услуги.
Моура би сакал да заигра во Премиер лигата, ваквиот расплет звучи сосем логично, на Тотенхем му недостасува крилен фудбалер.