Челзи и Арсенал одиграа 0:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Досадниот натпревар сепак ќе влезе во историјата на англискиот фудбал. Реми без голови на лондонските ривали е нивниот четврти натпревар оваа сезона завршен без победник, а тоа на натпреварите на клубовите од Премиер лигата не им се случило уште од сезоната 2002/03 и натпреварот помеѓу Блекбурн и Сандерленд.
Челзи и Арсенал на 6. август минатата година одиграа 1:1 во Супер купот (Топчиите славеа 5:2 на пенали), за месец и пол подоцна на „Стемфорд Бриџ“ да одиграат 0:0 во првиот лигашки натпревар. Пред осум дена ги поделија бодовите и во вториот натпревар во Премиер лигата, 2:2 на „Емирати“.
Сега на стадионот од Челзи одиграа 0:0 во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот, а серијата можат да ја продолжат и кај Арсенал, на вториот натпревар за две недели.
4 – This is the first time that two Premier League clubs have drawn four meetings with each other in a single season since Blackburn vs Sunderland in 2002-03. Stalemate. #CHEARS
— OptaJoe (@OptaJoe) January 10, 2018