Дома Топ вести Барса работи со „полна пареа“, после Кутињо потврден уште еден трансфер!

Барса работи со „полна пареа“, после Кутињо потврден уште еден трансфер!

Каталонците соопштија дека работата е завршена.

Ставена е точка на операцијата на Јери Мина (22), Барселона денес и официјално доби нов централен дефанзивец за сума од 12.3 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Младиот Колумбиец веќе е на пат за Каталонија со својот вујко и агент, а Барса преку својот Твитер профил потврди дека работата е завршена.

На Мина му се предвивува блескава фудбалска кариера, со оглед на неговите одлични предиспозиции и висината од 1.95.

Палмеирас клубот каде што до овој момент настапуваше Мина ќе добие 10 милиони евра, додека останатите 1.8 одат на сметката на колумбискиот Санта Фе кој при продажбата на Палмеирас задржа 20% од неговиот договор.

Останатите 500.000 евра Барселона ќе мора да ги исплати како солидарност да ги плати Депортиво Паста, клубот кој фудбалски го образуваше Мина.

mina

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…