Најдобриот англиски напаѓач порача дека нема ништо против тоа да остане уште долго во Тотенхем, но под еден услов.
Кејн го интересираат трофеите и сака да напредува, па челниците на Спарс можат да ја сфатат неговата изјава како прилично алармантна со обзир на тоа дека лондонскиот клуб не освоил ништо полни десет години.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
„Мојата цел е да почнеме да освојуваме трофеи и сакам тоа да се случи. Ако почнеме да освојуваме трофеи ќе бидам среќен овде. Секогаш зборувам дека треба да напредуваме и да бидеме се подобри.“- изјави Кејн, кој смета дека ФА купот е идеална прилика да се прекине постот:
„Некако мора да освоиме трофеј оваа сезона, а за мене ФА Купот е најдобра прилика за тоа. Тоа е натпреварување во кое ќе се обидеме да дојдеме до крајот.“
Тотенхем последниот трофеј го освои во сезоната 2007/08, кога триумфираше во Лига купот.