Дома Фудбал Останато СЕ ЧЕКА ОДГОВОР НА ШПАНЕЦОТ: Навивачите на Реал го потсетија Пике што изјави пред четири години

СЕ ЧЕКА ОДГОВОР НА ШПАНЕЦОТ: Навивачите на Реал го потсетија Пике што изјави пред четири години

Кога „Кралевите“ го купија Герет Бејл за 100 милиони евра, Пике го изјави следново:

„Реал купува играчи, ние ги повикуваме. Тие дадоја 160 милиони за Бејл, Илараменди и Иско, а не освоија ниту еден трофеј. Тоа е погрешна политика“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со текот на времето и Барселона крена со тој тренд на купување големи ѕвезди, а од „Ла Масија“ подолго време нема квалитетен прозивод, односно играч кој ќе биде столб на првиот тим.

Поради тоа, „Марка“ на своите читатели им ја понуди оваа изјава на Пике пред четири години, а поради фактот дека овој весник е со седиште во Мадрид, јасна е причината зошто одлучиле еден ден по потпишувањето на Кутињо да му укажат за „грешката“ на Пике.

Реал беше рекордер по потрошени пари во сезоната 2009/10, но со доведувањето на Кутињо и Дембеле, Каталонците потрошија преку 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС: Саудијците ќе ја купат Барселона за огромна сума?!

Барселона во наредниот период би можела да го промени сопственикот и како последица да дој…